цвс_центар за визуелни студии    www.vizualni-studiji.com
 

Проекти

Студии за визуелна култура во Европа

Центарот за визуелни студии е поканет да учествува во научно-истражувачкиот проект насловен  Visual Culture Studies in Europe. Станува збор за прва систематска иницијатива којашто би требало да го одреди статусот и границите на визуелните студии на Стариот континент и да се приклучи кон најсовремените облици на проучување на визуелните феномени денес. Оваа покана беше поттикната како од енормниот развој на медијализираните визуелни искази и се поизразената доминација на американската школа за визуелни студии, така и од сегашните но и поранешни проекти на Центарот коишто не легитимираат како компетентни соработници.

Иницијатор на проектот е Маркард Смит (Marquard Smith) од лондонскиот Кингстон Универзитет (Kingston University), уредник на особено влијателното стручно списание Journal of Visual Culture и автор на бројни книги, меѓу кои е и најновата збирка разговори на тема визуелна култура и визуелни студии што ги водел со најеминентните протагонисти на струката, како В.Џ.Т. Мичел (W.J.T. Mitchell), Мартин Џеј (Martin Jay), Мике Бал (Mieke Bal), Хал Фостер (Hal Foster), Николас Мирцоф (Nicholas Mirzoeff), Лиза Картрајт (Lisa Cartwright) и други (Visual Culture Studies – Interviews with Key Thinkers). Центарот за визуелни студии е поканет како истражувачка институција на полето на визуелните медиуми да придонесе кон специфичните увиди во актуелната состојба и кон можностите за развој на оваа релативно млада и недоволно позната дисциплина, како на подрачјето на југоисточна Европа, така и во научно-интеграциските процеси на целиот европски континент.

Во својот иницијален повик Маркард Смит накусо ги дефинира целите на овој паневропски истражувачки проект:

Проектот ќе создаде соработничка мрежа составена од етаблирани научници и нови членови со дванаесетина европски универзитети, школи и центри кои се посветени на визуелните студии во Европа и на проучување на визуелната култура. (И тоа како сум свесен за важноста на бројните проекти што досега ги реализирале поединци и истражувачки групи, па оттука и овој повик.)

Намерата на собирањето е да се:

Засега очекувам дека резултати на проектот ќе бидат: