цвс_центар за визуелни студии    www.vizualni-studiji.com
 

Трансрегионална конференција: стара и нова иконологија, Хрватска и Унгарија, 2013

Во периодот од  23 до 31 мај 2013 година, на три локации во Хрватска и во Унгарија ќе се одржи трансрегионалната конференција Стара и нова иконологија.

Прв дел: 23-24 мај – Универзитет во Риека

Седма меѓународна конференција за иконографски студии, на тема: „Иконологијата на крстопат“
Конференцијата го охрабрува интердисциплинарниот пристап кон значајни теми во иконографските студии и воедно сака да ја преиспита моментната позиција на „иконологијата“, парафразирајќи ја влијателната конференција одржана во Принстон, во 1990 година, под наслов „Иконографијата на крстопат“.

Втор дел: 27-29 мај – ЦЕУ, Будимпешта

Тековни теоретски преклопувања: иконичност, семиотика, историчност

Дали гледањето е природно, наспроти јазикот, како вештачки, конвенционален симболички систем или, пак, визијата е исто така одредена од културните кодови? Прашањето за иконичноста честопати се поставува во разновидни дисциплини, од психологијата и невробиологијата, преку семиотиката до студиите на визуелната култура. Во овој дел од програмата со свои реферати учествуваат членовите на Центарот за визуелни студии, Владимир Јанчевски и Сафет Ахмети.

Трет дел: 29-31 мај – Универзитет во Сегедин

Европска иконологија Исток и Запад 5: Културни замислувања на телото и душата – интермедијални претставувања на телесното, психичкото и духовното

Односот кон телото и душата е визуелно и вербално претставуван во уметноста и во литературата, од антиката до постмодерниот телесен пресврт. Овојпат акцентот е на уметничките и на корисничките заедници.

Поопширно за конференцијата побарајте тука